Ципрас се обидува да обезбеди поддршка од црквата во разговорите за името со Македонија

Дискусијата за името, за македонското прашање неделава почна посериозно да се развива во Њујорк и постепено станува клучен фактор на грчката политичка сцена.

Преговарачите од Атина и Скопје, по неколкунеделниот период од релативно позитивни сигнали од двете страни, неделава се состанаа во Њујорк и со посредство на ОН разговараа. Претставникот на ОН, Метју Нимиц, наводно, понудил листа на предлози за решавање на долготрајниот спор меѓу Грција и бившата југословенска Република Македонија (БЈРМ) за уставното име на втората страна, кое е Република Македонија.

Според извештаите од БЈРМ, Нимиц поднел пет предлози за решавање на спорот, почнат уште во раните 1990-ти: Република Нова Македонија, Република Горна Македонија, Република Северна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје). Дипломатот наводно исто така предложил јазикот на БЈРМ да се нарекува македонски и нејзината националност македонска.

Ова претставува прв чекор во преговорите, кои немаат конкретен временски рок, но неофицијално се поврзани со самитот на НАТО што ќе се одржи во јули. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во четвртокот јасно стави до знаење дека Скопје не може да се надева дека ќе се приклучи на НАТО без да го реши спорот за името.

Сепак, има сериозни резерви за можноста двете страни да постигнат договор во наредните месеци. Една од причините е тоа што премиерот Алексис Ципрас се соочува со значителен скептицизам и отпор на домашен терен поради напорите за постигнување на компромис.

Министерот за одбрана, Панос Каменос, кој го води помалиот коалициски партнер Независни Грци (АНЕЛ), во неколку наврати изрази несогласување со можноста терминот „Македонија“ да се содржи во новото име на грчкиот сосед. Сепак, тој исто така посочи дека можеби ќе се согласи ако постои договор на кој другите партии ќе се согласат.

Нова демократија, исто така има малку несигурна позиција. Конзервативниот водач Киријакос Мицотакис изјави дека неговата партија ќе ја брани позицијата дефинирана од владата на Нова демократија од пред 10 години, а тоа е сложено име со географска одредница.

Опозициската партија не се дистанцира од планираните протести по ова прашање. Мицотакис нема намера да ги спречи пратениците на Нова демократија да учествуваат на демонстрациите во северна Грција.

Улогата на Црквата

Ципрас се соочува и со отпор од грчката црква, чиј Свети синод неодамна издаде соопштение од кое произлегува само една порака – Македонија е грчка. Ова предизвика отворен напад на Министерството за надворешни работи на црквата, по што дојде до средбата на Ципрас со архиепископот Јероним за да ја смири кризата.

Премиерот Ципрас презеде необичен чекор со средбата со шефот на грчката црква за да го информира за преговорите. Оваа средба го предизвика раководството на Нова демократија кои побараа прво да бидат информирани политичките партии. Сепак, Ципрас се чини дека го извлече одговорот што го сакаше од Јероним, кој рече дека сега не е време за протести, туку дека треба да се има консензус.

Лидерот на Сириза смета дека ова прашање да ја има црквата на своја страна за него е од витално значење. Грчката црква одигра клучна улога во 1990-тите во организирањето на протестите за името, но сега ова водство е поумерено. Меѓутоа, ако Ципрас може да ја добие црквата на своја страна, тоа им ја олеснува работата на Каменос за да го поддржи можниот договор, чија база е силно верски настроена.

Ова може и да ја подели Нова демократија, која традиционално отсекогаш имала поблиски односи со црквата како дел од централно-десничарската опција, за која е јасно дека е непријатно дебатирањето за ова прашање и би сакале да се приклучат на силните чувства за оваа тема, особено во северна Грција.