Законот за употреба на јазиците ќе ги отвори старите проблеми

Ѓуркова

Нов закон кој ќе отвори стари проблеми. Дали Законот за употреба на јазиците ќе ја подобри положбата на другите јазици во Македонија и дали поволната положба ќе биде на сметка на македонскиот јазик кој ќе стане подреден јазик. Александра Ѓуркова од Институтот за македонски јазик вели дека со овој Закон се создава паралелен јазичен систем во земјава и се губи кохезивноста на македонскиот јазик.
Институтот имаше остра реакција и забелешки на овој Закон, но голем дел од тие забелешки воопшто не биле прифатени. Од друга страна пак албанската стручна јавност смета дека овој јазик е нужен. Според Ајтене Ќамили од Филолошкиот факултет Законот е политичка алатка, но и реална потреба. Според новоизбраниот Уставен судија Осман Кадриу оцени дека Законот е во согласност со Уставот на Земјата.

-Овој Закон е во духот на Законот и уставните норми.

Според експертите Законот ќе повлече и голем финансиски товар на државните институции кои ќе мора да водат двојна документација и да да имаат веб страници на два јазици.