Нимиц оптимист дека на повидок е решение на спорот со името

Медијаторот Метју Нимиц очекува од Скопје и Атина да одговорат на неговиот пакет идеи за решавае на спорот си името што го презентираше во Њујорк на преговарачите Василакис и Наумовски Тој е оптимист дека решението е на повидок и целиот процес се движи во позитивна насока. Тој по средбата во седиштето на Обединетите Нации изјави дека пакетот содржи решенија за кои се дискутирало и претходно.

“Моите идеи како целина се нови затоа што имаме нова комбинација на идеи. За ова прашање се разговара 25 години и многу е неочекувано да се излезе со нов предлог. Многу луѓе сиве овие години размислуваме на овие прашања. Затоа многу е тешко да се излезе со нешто ново, но сметам дека сега ситуацијата е различна. На ова гледам како на добар сет на идеи со пакет на компромис со кој двете страни би требало да се чувствуваат комфорно со заеднички прифатливо решение“, истакна медијаторот Нимиц.

Тој потврди дека во решението за името содржан е зборот Македонија. Според Нимиц за да има решение потребно е да се оптстапи од радикалните позиции и онаа во Грција дека во името на нашата земја не треба да има Македонија, како и онаа во Македонија дека не треба воопшто да се преговара за уставното име Република Македонија.

Нимиц смета дека е потребно во решаваето на дводеценискиот спор да се вклучат и лидерите на опозициите во двете земји. Оптимизмот го темели на новите лидери во Грција и Македонија кои искрено сакаат решение, а подготвеност гледа и кај луѓето. Нимиц очекува спорот меѓу двата соседа да се реши за неколку недели, а претходно очекува министрите за надворешни работи да го поканат во Слопје и Атина и да одлучат како процесот ќе продолжи натаму.