Заканувачко писмо до директорот на Драмски театар

Сашо Тасевски, директорот на Драмски театар во Скопје вчера во полиција пријавил дека утрото во службената канцеларија на театарот примил писмо адресирано лично до него со заканувачка содржина за него и други лица.

Тасевски во полиција појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на Фејбук. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.