Info.mk е нов агрегатор во македонскиот медиумски простор со голем број на функционалности со цел добивање на “личен” пребарувач на вести.

Начинот на работа на Info.mk и неговите функционалности се всушност комбинација од автоматизирано собирање на вести објавени во сите релевантни медиуми во Република Македонија, односно медиуми кои продуцираат вести на македонски јазик и персонален пребарувач на вести со оглед на функционалностите со кои располага Info.mk кои се креирани на начин на кој секој наш корисник на наједноставен начин и согласно своите потреби и интереси може да го уреди Info.mk агрегаторот на вести.

Info.mk е пребарувач – агрегатор на вести кој на едноставен и лесен начин за користење за нашите корисници ги сублимира сите актуелни, интересни и најважни информации на едно место. Сите вести кои се собираат преку нашиот агрегатор се објавуваат на нашата главна страница но и во соодветните категории кои се предвидени на Info.mk.

Агрегаторот на вести Info.mk е всушност наједноставниот и најбрзиот начин за информирање за сите најважни случување од едно место. Со Info.mk на сите наши корисници им се овозможува да ги следат и да се информираат за сите актуелни случувања во земјава и во странство од различни извори кои вестите ги третираат и анализираат на различен начин, а со тоа истата информација може да ја дознаат преку различен аспект на обработка и пренесување.

Info.mk е агрегатор кој во целост ги почитува авторските права при што пренесувањето на вестите на овој агрегатор се ограничува само на пренесување на наслов, поднаслов и мала фотографија. Доколку нашиот корисник сака во целост да се информира за соодветната вест која ја чита потребно е да кликне на насловот на веста која ќе го однесе до веб страницата на оригиналниот извор од кој се превзема (агрегира) соодветната вест.

Вестите, нивното објавување на Info.mk и нивната популарност се утврдува автоматски односно со компјутерски алгоритам кој сам ги агрегира, обработува и објавува вестите на нашиот агрегатор.

Како работи Info.mk?

Објавување на вестите на Info.mk подразбира неколку автоматизирани чекори:
  • Собирање на податоците од изворите
  • Екстрахирање на содржините
  • Семантичка анализа на добиените информации
  • Групирање на информациите
  • Прикажување на информациите

Податоците од сите извори од кои се агрегираат вести на Info.mk се прибираат (освежуваат) на секои 10 минути со што се овозможува постојано ажурирање на страницата на Info.mk со сите најактулени вести и случувања.

Откако ќе се идентификуваат нови вести, системот ги превзема овие вести во формата во која веста е објавена на оригиналниот извор заедно со соодветните видеа и фотографии за одредена веста која се агрегира. Компјутерскиот алгоритам овозможува автоматско агрегирање на сите вести (опфаќајки ги сите извори) и екстрахирање во соодветната категорија на Info.mk.

Семантичката анализа на добиените информации подразбира статистичко обработување на собраните информации, граматичка обработка на зборовите и автоматско екстрахирање на информациите во соодветни категории. Семантичката анализа овозможува полесна идентификација на сличните информации (според клучни и слични зборови) по групи и одредени други статистички анализи.

Групирањето на информациите овозможува автоматска детекција на информациите според нивната сличност при што се овозможува и автоматско групирање на сличните односно истите информации во еден кластер. Кластерите се всушност мерилото за утврдување на популарноста на една информација односно вест (всушност една вест е попоуларна во зависнот колку извори истата ја имаат обработено односно објавено и колку нејзината старост е помала). Бидејки агрегирањето и групирањето на информациите (вестите) е автоматско постои можност иста вест објавена на два или повеќе извори со различни наслови да се групира во различна група односно категорија (точноста на оваа функционалност е над 95% што значи дека % на грешно групирање на вестите е многу мала).

Прикажување на информациите на главната страница на Info.mk е автомакси што значи дека соодветните информации се објавуваат на главната страница и во делот на топ вести во зависност од нивната популарност. Воедно прегледувањето на вестите е возможност и по извор и по време.

Содржина на вести на Info.mk

Објавените информации (вести) и соодветните фотографии и други материјали за истите се превземаат од трети извори (односно изворите од кои се агрегираат вестите). Целиот процес на обработка и објавување на информациите на Info.mk е автоматизиран односно се изведува со помош на компјутерска програма што значи информацијата се објавува изворно односно онака како што ја пренесува соодветниот извор од каде се агрегира истата.

Во случај да одредена информација (вест) од одреден извор која е пренесена на Info.mk е избришана од соодветниот извор од каде се пренесува или пак изворот повеќе не продуцира информации (вести) со кликање на истата ќе се појави грешка односно бараната информација нема да може да се прочита.

Истотака сите грешки кои се појавуваат во пренесените текстови се одговорност на изворот од каде што се пренесуваат информациите, односно Info.mk ги пренесува вестите во целост онака како што се објавени на соодветниот извор.