МакФакс - Свет

23.05.2017 08:59:10 МакФакс Ракета од Синај истрелана кон Израел за време на посетата на Трамп

Една ракета била истрелана во вторник наутро од Синајскиот полуостров во Египет во правец на Израел, на вториот ден од посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на таа земја. Израелската војска потврди дека ракетата паднала во Израел, но не предизвикала повреди, ниту штета. Во военото соопштение се додава дека сирените не се огласиле, бидејќи ракетата […]

23.05.2017 09:06:41 МакФакс Најнов биланс, 22 лица загинаа во нападот во Манчестер

Најновите извештаи за терористичкиот напад во Манчестер, по концертот на поп ѕвездата Аријана Гранде, велат дека се убиени 22 лица,а над 50 се повредени. Меѓу настраданите има и деца. Експлозијата одекнала синоќа околу 22:30 часот, по само неколку минути откако американската ѕвезда ја напуштила сцената. Шефот на манчестерската полиција Јан Хопкинс утрово изјавил дека напаѓачот […]

23.05.2017 08:07:14 МакФакс Експлозија во Манчестер, 19 загинати, 59 повредени

Деветнаесет лица се убиени, а најмалку 59 се повредени во експлозија која се случила по концертот на поп пејачката Аријана Гранде во Манчестер, соопшти полицијата. Експлозијата се случила пред салата веднаш по завршувањето на концертот, на кој присуствувале околу 20.000 луѓе. Веднаш по експлозијата, медиумите шпекулираа за бројот на експлозии, како и дали се слушале […]

23.05.2017 08:44:40 МакФакс Почна судењето на поранешната јужнокорејска претседателка

Поранешната претседателка на Јужна Кореја Парк Гвен Хје во вторник ги негираше обвиненијата за корупција, на почетокот на судењето кое се очекува да трае неколку месеци. Парк му рекла на судијата дека го има „истиот став“ како и нејзините адвокати, кои тврдеа дека не сторила никакво прекршување на законот. Обвинителството против Парк поднесе обвинение за […]

23.05.2017 11:15:09 МакФакс (ВИДЕО) Вознемирувачки снимки од повредени тинејџери во нападот во Манчестер

Вознемирувачките снимки од тинејџери повредени во експлозијата во Манчестер арената, пренесени од повеќето британски медиуми, ја покажуваат тежината на повредите со кои се здобија присутните на концертот на американската пејачка Аријана Гранде.Британската

23.05.2017 11:05:11 МакФакс Светот го осуди терористичкиот напад во Манчестер

Светските лидери изразија жалење и солидарност по експлозијата во британскиот град Манчестер во која загинаа 22 лица. Рускиот претседател Владимир Путин го осуди нападот и нагласи дека Русија е подготвена за уште поблиска соработка со британските партнери. „Одлучно го осудуваме тој циничен, нечовечен злостор. Веруваме дека нарачателите нема да останат неказнети“, истакна Путин во телеграма […]

23.05.2017 14:31:41 МакФакс Пучисти на Ердоган се кријат во Албанија

Албанскиот државен јавен обвинител Адриатик Лала изјавил дека лица кои се обидоа да извршат државен удар во Турција во јули минатата година, во моментов се кријат во Албанија, пренесуваат тамошните медиуми.   Започната е и истрага против нив, изјавил Лала на меѓународната конференција на јавните обвинители од регионот која се одржува во Тирана. „Започнати се […]

23.05.2017 14:46:01 МакФакс Тереза Меј: Знаеме кој е напаѓачот

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека полицијата и безбедносните сили го знаат идентитетот на осомничениот бомбаш самоубиец, кој уби 22 лица на концерт во Манчестер. Таа зборувајќи пред канцеларијата на Даунинг стрит, рече дека владините претставници се уште не се подготвени да го објават идентитетот на напаѓачот. Според Меј, напаѓачот сам го извел нападот, но […]

23.05.2017 14:25:05 МакФакс Низа безбедносни пропусти на концертот во Манчестер, сведочат присутните

Чешката државјанка Никола Трохтова, која била на концертот на Ариана Гранде во Манчестер, вели дека на влезот во Манчестер Арената речиси немало никакви безбедносни проверки, пренесуваат светските агенции.   „Нè пуштија да влеземе внатре без никакви проверки околу тоа дали носиме нешто со нас“, рекла таа за чешкото државно радио, пренесува АП.   Според Трохтова, […]

23.05.2017 14:46:47 МакФакс Измени во српскиот преговарачки тим за ЕУ, разрешени повеќе членови

Српската влада во вторникот ги разрешила Роксанда Нинчиќ и Ана Илиќ, членови на преговарачкиот тим на Србија за водењето на преговорите за пристапувањето кон ЕУ, пренесуваат српските медиуми. Пред десетина дена српската влада разреши тројца членови на овој тим, односно Зоран Стоиљковиќ, Владимир Круљ и Владимир Медјак. Медиумите тогаш пренесоа дека тројцата биле разрешени на […]