A1 On - Свет

23.05.2017 09:56:51 A1 On Американската администрација до јануари ја продолжи хуманитарната помош за Хаиќаните

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека до јануари следната година ќе ја продолжи хуманитарната програма, што на околу 58.000 Хаиќани ќе им овозможи да останат да живеат во САД. Во прашање се жители на Хаити, кои во САД дошле по разурнувачкиот земјотрес од 2010 година. Како што наведуваат американските медиуми, од администрацијата се […]

23.05.2017 09:56:09 A1 On Џихадистите ликуваат за бомбашкиот напад во Манчестер

Приврзаници на џихадистичката групација Исламска држава утринава на социјалните мрежи го поздравуваат синоќешниот смртоносен бомбашки напад во британскиот град Манчестер, пренесува БТА. – Изгледа бомбите на британската Авијација врз децата на Мосул и Рака тукушто се вратија и паднаа во Манчестер, напиша јавно извесен твитерџија со име Абдул Хак. Сепак, ИД се уште официјално не […]

23.05.2017 09:55:26 A1 On Запалена куќата на Уго Чавез на протестите во Венецуела

Венецуелскиот опозициски пратеник Педро Луис Кастиљо денеска соопшти дека демонстрантите во западниот дел на земјата ја запалиле куќата во која како дете живеел Уго Чавез, како и неколку владини згради. Пратеникот Кастиљо тврди дека куќата на Чавез во Баринас била запалена вчера попладне. Како што наведе, запалени се и неколку згради, меѓу кои и таа […]

23.05.2017 09:57:43 A1 On Израелски полицијаци нападнати на Западниот Брег за време на посетата на Трамп, убиен Палестинец

Еден Палестинец е убиен кога се обидел со нож да избоде припадници на израелската полиција на Западниот Брег, во близина на Ерусалим, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп престојува во градот, соопштија израелски претставници. Инцидентот се случи во областа Абу Диса, а притоа не е повреден ниту еден полицаец, се наведува во соопштението на […]

23.05.2017 08:29:22 A1 On Меј и Корбин ја прекинаа изборната кампања по нападот во Манчестер

Британскиот премиер Тереза Меј и лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин постигнаа спогодба да ја прекинат изборната кампања по терористичкиот напад во Манчестер, во кој загинаа 19 лица. Корбин посочи дека разговарал со Меј по експлозијата на концертот на американската пејачка Аријана Гранде и двајцата се согласиле дека кампањата за предвремени парламентарни избори на […]

23.05.2017 08:29:01 A1 On Интерпол го бара поранешниот претседател на Панама, Рикрадо Мартинели

Интерпол издаде меѓународна потерница и издаде наредба за апсење по поранешниот претседател на Панама, Рикардо Мартинели, кој треба да одговара за обвиненија за политичка шпионажа за време на неговиот мандат како шеф на државата, во периодот 2009 – 2014 година, соопшти високо позициониран полициски службеник во Мексико, цитиран од британските медиуми. Панама – држава во […]

23.05.2017 08:08:23 A1 On ОН ја осуди последната ракетна проба на Северна Кореја и се закани со уште поостри санкции

Советот за безбедност на ОН синоќа, повторно, го осуди тестирањето балистичка ракета, и по вторпат во рок од еден месец, се закани со уште потешки санкции за Северна Кореја, јави ТАСС. Во усвоената декларација, 15-те земји членки на Советот го нарекоа однесувањето на Пјонгјанг „дестабилизирачко, нагло и провокативно”, барајќи од Северна Кореја да се откаже […]

23.05.2017 08:08:02 A1 On Американската „Симантек“ ги обвини севернокорејските хакери за нападите со вирусот „ВонаКрај“

Компанијата за кибер безбедност „Симантек“ вчера соопшти дека има голема веројатност хакерска група од Северна Кореја да стои зад кибер нападот со вирусот „ВонаКрај“ (WannaCry), што во текот на оовј месец зарази над 300.000 компјутри низ цел свет и предизвика хаос во болници, банки и училишта, пренесоа британските медиуми. Иследниците од „Симантек“ изјавија дека откриле […]

23.05.2017 07:59:28 A1 On Седуммина екстремисти убиени во контратерористичка операција на САД во Јемен

Вооружените сили на САД извршија изутрината контратерористичка операција против базата на Ал Каеда во јеменската провинција Мариб и убија седуммина екстремисти на огранокот Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, јави ТАСС. За операцијата соопшти Централната команда на американските вооружени сили (Сентком) во оперативната сфера, во чија надлежност е Блискиот Исток. Според соопштението, првичната цел на операцијата […]

23.05.2017 08:00:32 A1 On Павлопулос: Грција е вратата и прозорецот на Турција кон Западот

Турција од досегашната историја треба да сфати дека Грција е нејзиниот прозорец и врата кон Западот, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, пред своите сонародници во Истанбул, јави АНА-МПА: – Имаме една законска цел, целта е мир, мирно сожителство, бидејќи без него сите ќе загубиме, никој нема да добие, истакна Павлопулос во Истанбул, каде учествува на […]

23.05.2017 07:59:50 A1 On Кипарскиот претседател излезе со предлог од лидерот на кипарските Турци

Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис, во телевизиското интервју, дадено на 17 мај, го појасни својот предлог до лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, предупредувајќи дека „е дојден часот на вистината за да се забележи најважното“ во преговорачкиот процес за повторно обединување на средоземноморскиот остров, пренесе денеска агенцијата АНА-МПА. Шефот на кипарската држава изјави дека […]

23.05.2017 12:11:36 A1 On Во Хомс експлодира автомобил-бомба, кај Дамаск владината армија уништи втор, соопшти државната телевизија

Автомобил-бомба експлодира во градот Хомс, а владината армија уништи уште еден, со експлозиви наполнет, автомобил во близина на шиитското свето место Саједа Зејнаб, јужно од Дамаск, соопшти сириската државна телевизија, цитирана од британските медиуми. Дописникот на државната телевизика од Хомс соопшти дека во експолизијата загинале две лица и 15 се ранети. Нема информации за жртви […]

23.05.2017 12:42:01 A1 On Меркел е тажна и потресена од атентатот во Манчестер

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека искажува тага и ужас по атентатот, што синоќа ја предизвика смртта на 22 лица, на концерт во Манчестер, пренесоа француските медиуми. „Германија стои рамо до рамо со Британците“, изјави канцеларката во коминике. „Претпоставениот терористички напад само ќе ја засили нашата решеност да работиме заедно со нашите британски пријатели […]

23.05.2017 12:08:55 A1 On Запленети банкарски сметки и имот на поранешниот грчки министер за одбрана Папандониу

Грчките власти запленија банкарски сметки и недвижен имот на поранешениот министер за одбрана од социјалистичката партија ПАСОК, Јанос Папандониу. Тоа се случило на барање на Обвинителството, кое се занимава со корупциски дела. Освен банкарски сметки властите на поранешниот министер му заплениле и куќа во атинскиот кварт Кифисија и неговата канцеларија во центарот на Атина. Властите […]

23.05.2017 12:11:14 A1 On Русите се помалку ги критикуваат репресиите на Сталин, покажа истражување на „Левада“

Жителите на Русија репресиите на Сталин веќе не ги сметаат за злосторства, покажуваат податоците на анкетата на центарот „Левада“, информира весникот „Ведомости“, цитиран од Би-Би-Си. Делот од луѓето во земјата, кои репресиите на Сталин ги сметаат за политички кривични дела, за пет години е опаднат од 51 на 39 проценти, додека една четвртина од учесниците […]

23.05.2017 13:45:25 A1 On Шанон: Турција направи за Сиријците повеќе од сите останати земји

Турција за Сиријците направи повеќе од сите останати земји, изјави американскиот помошник државен секретар за политички прашања, Томас Шанон, цитиран од руските медиуми. – Ниту една друга земја не направи повеќе за Сиријците од Турција, која прими над три милиона бегалци и е клучен логистички центар за хуманитарната помош, што и се доделува на Сирија, […]

23.05.2017 13:45:04 A1 On Ајфеловата кула вечерва во мрак поради нападот во Манчестер

Ајфеловата кула во Париз вечерва нема да биде осветлена, во знак на почит кон жртвите од нападот во Манчестер, соопшти денеска градоначалничката на француската престолнина Ан Идалго. – Париз вечерва ќе им одаде почит на жртвите од Манчестер. Со нападот врз нив, нападнати се и нашите вредности, напиша таа на Твитер. На синоќешниот концерт на […]

23.05.2017 13:22:27 A1 On Трамп вети дека ќе стори се што е можно за склучување мировен договор на Блискиот исток

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Витлеем, на окупираниот Западен Брег, презеде обврска да стори се што е можно за да им помогне на Израелците и Палестинците да склучат мировен договор, пренесоа француските медиуми. – Мирот е избор, што треба да го правиме секој ден, и САД се тука за да помагаат во реализацијата на […]

23.05.2017 13:45:46 A1 On Харадинај: Прво ќе формираме Влада, а потоа и војска

Кандидатот за косовски премиер Рамуш Харадинај најави дека косовска војска ќе биде формирана во рок од 90 дена од почетокот на работата на идната влада. За Радио телевизија Косово, тој изјави дека ќе се обиде да ги убеди Србите оти „косовска војска е и во нивен интерес“, но доколку во тоа не успее, ќе пронајде […]

23.05.2017 13:43:17 A1 On Во Авганистан загинаа 10 војници во напад на екстремисти

Најмалку десет авганистански војници загинаа во напад на екстремисти на воена база во јужната провинција Кандахар, соопшти денеска Министерството за одбрана на оваа држава. „Синоќа непријателите на Авганистан го нападнаа кампот Ачакзаи на воениот корпус 205 во округот Шах Вали Кот. Десет храбри војници умреа со маченичка смрт, а деветмина се ранети“, се наведува во […]

23.05.2017 13:41:53 A1 On Северна Кореја истрела проектил преку границата со Јужна Кореја

Северна Кореја истрела денеска неидентификуван проектил преку границата со Јужна Кореја, а јужнокојреската војска соопшти дека стрелала во воздух како предупредување во правец на тој објект. Војската на Јужна Кореја, според нејзин претставник се обидува да утврди за каков вид на објект станува збор, како и за патеката на неговото движење, но додаде дека најверојатно […]