Брозовиќ не се смирува - направил инцидент во болница!

Брозовиќ не се смирува – направил инцидент во болница!

пред 2 недели

Фудбалерот на Интер, Марцело Брозовиќ повторно направи проблеми во Италија, откако по неодамнешното возење на автомобил во алкохолизирана состојба, хрватскиот репрезентативец направил инцидент во локална болница.

Според италијанската новинска агенција „АНСА“, Брозовиќ сакал да влезе во болницата преку ред во посета на свој 42-годишен сонародник, кој ималл повреда на ногата. Според нивните извори била повикана и полицијата, а Брозовиќ повторно бил во алкохолизирана состојба.

Претходно, Брозовиќ имаше проблеми со сообраќајната полиција, која му одреди фантастична казна од 100.000 евра за поминување на црвено на семафор под дејство на алкохол.

Фудбалерот на Интер има репутација на „лошо момче“, а најпознатиот „инцидент“ беше наводната секс-лента со Ванда Нара, сопругата и агентот на неговиот поранешен соиграч од „нераѕурите“, Мауро Икарди.

Извор

Share
Scroll to Top