Интер би му дале на Меси 50 милиони евра годишно!

Интер би му дале на Меси 50 милиони евра годишно!

пред 2 недели

„Ла газета дело спорт“ не се откажува од „приказната“ дека Интер се сериозно заинтересирани да го ангажираат Лионел Меси, со ветување за годишна плата од фантастични 50 милиони евра.

„Газета“ остануваат единствениот италијански извор кој тврди дека понудата е вистинска и дека „нераѕурите“ сериозно работат на планот да го привлечат Аргентинецот на крајот на следната сезона, кога завршува неговиот договор со Барселона.

Изворите на „Газета“ тврдат дека газдите на Интер, кинеската компанија „Сунинг“ е сериозно заинтересирана за вложување на тимот и веќе имаат еден голем спонзор за следната година, додека потенцијалните проблеми со финансискиот ферплеј (ФФП) на УЕФА се неизвесни по успешното одење на суд на Манчестер сити.

Приказната оди понатаму и вели дека таткото и агентот на Меси веќе купил куќа во Милано, наводно да ги искористи предностите за даночни олеснувања како странски инвеститор во Италија.

Извор

Share
Scroll to Top