Строл најбрз во Силверстоун, катастрофален петок за Ферари, опасен судир на Албон!

Строл најбрз во Силверстоун, катастрофален петок за Ферари, опасен судир на Албон!

пред 2 недели

Дека „розевиот Мерцедес“, како што ривалите на Рејсинг поинт го нарекуваат тимот на Рејсинг поинт, е супер-брз стана јасно откако Ленс Строл го постави најдоброто време на вториот тренинг пред Британското ГП, кое покрај силата на нивниот болид ја покажа и катастрофалната форма на Ферари.

Строл постави време од 1:27.274 за да го победи Александер Албон во Ред бул, кој го заддржи второто место и покрај тешкиот судир во финишот на сесијата, а Валтери Ботас во Мерцедес беше на третото место. Светскиот шампион Луис Хамилтон беше петти зад Шарл Леклер во Ферари.

Главната „мака“ во Силверстоун беше високата температура и однесувањето на гумите, а најголеми проблеми имаа во тимот на Ферари, посебно со болидот на Себастијан Фетел, кој по паузата во утринската сесија заврши на 18. место со 1:28.860.

Карлос Саинс Јуниор во Мекларен беше шести, пред Нико Хилкенберг, Германецот кој го заменува Серхио Перез во Рејсинг поинт беше седми.



Извор

Share
Scroll to Top