Треба да се знае дека носењето на дресот на Милан е голема чест

Треба да се знае дека носењето на дресот на Милан е голема чест

пред 2 недели

Легендата на Милан, Франко Барези, кој цела своја кариера го помина во црвено и црно, вели дека клубот уште е глобален бренд и дека сите кои го носат овој дрес треба да знаат дека се работи за голем а чест.

Легендарната „шестка“ на Милан помина 45 години од својот живот поврзан со љубов кон „росонерите“.

„Кога се зборува за историјата на клубот и за тоа што претставуваат овие бои, на сите треба да им е јасно дека тие носат одговорност и голема чест. Со боите се промовираат вредности, добро однесување и почитување. За мене секогаш беше цел да го носам овој дрес бидејќи бев фан на ’росонерите’ од моето детство“, вели Барези во интервју со порталот „Гол“.

Иако во својата кариера носел многу дресови на Милан, тој вели дека првиот дрес, кој го облече во април 1978 година против Верона, останува најомилениот.

„Секогаш се сеќаваш на дресовите кои си ги носел во финалињата, но за мене најважниот беше тој од моето деби. Уште се сеќавам многу добро на него, едноставен дрес, со многу тесни линии и со бројката“, додава Барези.

Извор

Share
Scroll to Top