Асоцијацијата за е-трговија потпиша меморандум за соработка со Македонската берза

пред 6 месеци

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Македонската берза денеска потпишаа меморандум за соработка кој е во насока на заедничка едукација и унапредување на изворите на финансирање за македонските претприемачи и е-трговци.

Потпишувањето на Меморандумот произлегува од стратешките определби на двете институции и нивната комуникација во рамки на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Целта на документот е да се почне поблиска соработка меѓу АТЕМ и Берзата во доменот на размена на информации, едукација и создавање партнерство во функција на идно поповолно деловно окружување и поефикасно финансирање на претприемачите, односно унапредување на пазарот на е-трговија и на пазарот на хартии од вредност во земјава.

– Има многу млади претприемачи и старт-ап компании во нашата земја кои имаат одлични идеи и голем потенцијал за раст развој на нивниот бизнис. COVID-19 отвори уште повеќе можности за прогресивните претприемачи, но и предизвици за брза адаптација и егзекузија, бидејќи идеите без имплементација ќе останат само идеи. Расте и потребата за развој и промоција на нови начини на финансирање за домашните компании, а соработката со Македонска берза верувам дека ќе биде обид да им се даде можност на ваквите компании кои имаат потенцијал да остварат брза експанзија и успех, вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска.

Главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев посочи дека стратешка определба на Берзата е да врши континуирана промоција и едукација за можностите и предностите на пазарното финансирање на деловните субјекти, без разлика на нивната моментална организациона форма и животна фаза.

– Претприемачите и страт-апите кои се членки на АТЕМ секако припаѓаат на иновативниот дел на македонската економија и како такви најверојатно можат да приберат финансиски средства од определени инвеститори, пред се преку шемите на колективно финансирање, вели Штериев.

Првата заедничка активност е веќе закажана за14 овој месец кога ќе се одржи онлајн настан, на кој Берзата ќе ја презентира глобалната иновативна crowdfunding платформа Funderbeam, за која таа е екслузивен застапник во земјава. Настанот ќе биде отворен за сите членови на АЕTМ и на него ќе може да се информираат за сите детали околу оваа платформа како извор на финансирање за нивните постојни и идни проекти и бизнис иницијативи. Преку оваа платформа македонските стартапи имаат можност за пазарно финансирање, локално и глобално, во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори прилика да вложат во бизнис проекти во кои ќе препознаат добар потенцијал.

Share

KissAnime dubbed anime: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 12

AnimeTV google anime tv: Wonder Egg Priority (https://animetv.cc/m/Yz1a) Episode 12

Scroll to Top