Конференција „Визија за енергетска транзиција 2040“

пред 3 месеци

Конференција „Визија за енергетска транзиција 2040“ ќе се одржи денеска на онлајн платформата ZOOM, како дел од активностите на проектот „Развој на програма за имплементација на Националната стратегија за развој на енергетиката“.

Целта на конференцијата е да се промовираат активностите околу ревизијата на Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и изработката на Програмата за имплементација на стратегијата, како и да се отвори дискусија околу владините приоритети и планираните мерки во наредниот среднорочен период, адресирајќи ја имплементацијата на т.н. „зелено сценарио“.

Од Центарот за управување со промени (ЦУК) на планираните две панел сесии на настанот најавуваат учество на претставници на Владата, енергетските компании, невладиниот и на академскиот сектор. На настанот ќе учествува и ќе има поздравен говор амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

Проектот „Развој на програма за имплементација на Националната стратегија за развој на енергетиката“ е финансиран од Британската амбасада Скопје преку Фондот за добро управување (GGF), со цел да се даде поддршка на Владата во ревизија на Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и изработка на Програма за имплементација на Стратегијата во наредниот петгодишен период.

Проектот е управуван преку Technical Assistance Facility – Western Balkans (TAF-WB) предводен од компанијата Tetra Tech. Проектниот тим е предводен од Public Administration International од Лондон, во соработка со технички експерти од Македонската академија на науките и уметностите и Центарот за управување со промени.

Share
Scroll to Top