Битиќи-Сахакјан: Плодната соработка помеѓу Владата и УНДП вроди со многу успешни проекти

пред 3 дена

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа средба со постојаната претставничката на УНДП во Република Северна Македонија, г-а Нарине Сахакјан.

„Вицепремиерот Битиќи и Сахакјан на средбата разговараа за отпочнување на втората фаза од имплементацијата на проектот „Поддршка за националната развојна стратегија 2021-2041“.

Во првата фаза на проектот беше изготвена модерна и иновативна методологија, додека во втората фаза ќе се формулира текстот на стратегијата. Темите кои стратегијата ќе ги опфати ќе се дефинираат преку инклузивен и партиципативен процес кој цели да вклучи што повеќе заинтересирани страни. Обете фази до сега се финансиски поддржана од Обединетото Кралство. Проектот се спроведува со техничка поддршка од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП и со активно учество на Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН преку која ќе се стави во функција колективното знаење и искуство на сите агенции на ОН во земјата.

Битиќи и Сахакјан исто така разговараа за соработката меѓу Владата, УНДП и другите агенции на Организацијата на обединетите нации за потенцијален нов проект, финансиран од „Фондот за Целите за одржлив развој“ на ОН, со кои би се создале нови можности за зелено финансирање и би се забрзала транзицијата кон обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност“, информираат од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи.

Постојана претставничка на УНДП Сахакјан, чијшто тригодишен мандат во земјата истекува во октомври 2021, ја искористи средбата за да му се заблагодари на Заменик на претседателот Битиќи за успешната соработка со Владата во изминатите години, нагласувајќи дека УНДП ќе продолжи да биде близок развоен партнер на Република Северна Македонија во насока на остварување на националните приоритети и Целите за одржлив развој од Агендата 2030.

Share

GoGoAnime: Kyousou Giga (2012) anime episode 5 online free at https://gogoanime.be gogoanime tower of god

AnimeKisa: Legend of Himiko (Dub) anime episode 12 online free at https://animekisa.in anime stream

Vassalord. (https://animedao.nl/m/EnZ3) Episode Full

AnimeBee: Copihan anime episode 7 online free at https://animebee.to anime online

Methodspace: https://www.methodspace.com/members/animefreakws/profile/

Mastodon: https://mastodon.social/@animefreakws

Scroll to Top