„Благодарам што го помагате нашето јавно здравје“, Заев ги стави вакцините во честитката за Свети Сава

пред 5 месеци

Во видео – честитка за Свети Сава, националниот и државен празник на Србите во Македонија, премиерот Зоран Заев покрај честитките за празникот, на Србите им заблагодари за подадената рака со ветените 8000 дози од вакцината на „Фајзер“. Тој рече дека овој гест на српскиот народ е во духот на Свети Сава.

„Свети Сава е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони на српската држава. Свети Сава е молитвен застапник на сите, кои преку него, побарале помош, а со своето бесмртно дело и понатаму е посредник на сите во неволја. Тој е духовник на кој се угледуваат припадниците на српскиот народ, кога во својата духовна зрелост го креираат својот личен карактер, а со тоа и карактерот на својата заедница. Во тој дух ја гледаме и постапката на искрено подадената рака на пријателство и солидарност на Република Србија со отстапените вакцини, како прва помош за нашите граѓани, додека во земјата не стигнат договорените количини. Ја користам оваа прилика уште еднаш да кажам благодарам што го помагате нашето јавно здравје. Уште еднаш упатувам најсрдечни честитки по повод националниот Ден на Србите во Република Северна Македонија и нека бидат вечни името и славата на Свети Сава под чие духовно покровителство се одбележува овој ден“, рече премиерот Заев.

Годинава Србите во Македонија тринаесетти пат организираа свечена светосавска академија која поради пандемијата беше без публика, а во живо од МНТ се пренесуваше преку социјалните мрежи.

Манифестацијата ја отвори претседателката на националниот Совет на Срби во Македонија, Гордана Јовиќ – Стојковска која рече токму ваков начин на празнување е можност да се потсетиме дека сме луѓе.

„Нашиот народ помина многу премрежија. Сети Сава се славеше со песна, со танц, со веселба. Свети Сава се славеше во тага, во солзи, во бол, во болници полни ранети, полни со мртви. Се обележуваше Свети Сава оти тоа е дух, тоа е код на нашето живеење. И денес, во оваа сосем поинаква пригода отколку претходните години кога сме го обележувале Свети Сава, со нашата свечена академија, ние ќе го обележиме Свети Сава, на ваков начин, дома, пред екраните, пред компјутерите. Ќе се поклониме, ќе се помолиме, ќе се потсетиме дека сме луѓе, дека ни треба да го почитуваме тој дух оти во тој дух се содржи се што е вредно. Во тој дух треба да се опстане, да се погледне во минатото, да се изживее денешноста и да се погледне во иднината. Ви честитам и во посакувам се најубаво, во духот на нашиот светител, нашиот покровител Свети Сава“, рече претседателката Јовиќ – Стојковска.

Видео – честитки за Денот на Србите во Македонија имаа и Никола Селаковиќ, министер за надворешни работи на Србија кој го честиташе празникот во име на претседателот и Владата на Србија, Милорад Додиќ, српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Иван Стоилковиќ, српски пратеник во македонското Собрание, Андрија Мандиќ, претседател на „Нова српска демократија“ од Црна Гора, Богољуб Ниниќ, претседател на културно – просветниот и информативен центар „Вук Караџиќ“ од Кучевиште, Скопска Црна Гора, а свеченоста продолжи со емитување снимки од претходните обележувања на Свети Сава.

Share

WCOStream anime: Boku no Hero Academia 5th Season Episode 4

AnimeDao the daily life of the immortal king animedao: Death Note Episode 37

Scroll to Top