Борисов: Негативен сум на ковид тестот и можам да се сретнам со премиерот Зоран Заев

пред 7 месеци

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на „Фејсбук“ објави дека е негативен на ковид тестот и дека непречено ќе оствари средба со македонскиот премиер Зоран Заев на денешниот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

„Јас сум негативен на Ковид-19. Ова го покажа вториот последователен тест. Во согласност со наредбите на здравствените власти, можам да се сретнам со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев и да го одржам Самитот од Берлинскиот процес“, рече Борисов.

Во Софија, денеска ќе се одржи лидерскиот Самит за Западен Балкан, на кој оваа година домаќини се Бугарија и нашата држава.

Македонската делегација на Самитот ја предводи претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од вицепремиерите Битиќи и Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти владината прес-служба.

Со Самитот, кој заради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржи преку видео конференциска врска ќе претседаваат премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, а свои обраќања ќе имаат канцеларката на СР Германија, Ангела Меркел, на чија иницијатива започна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.

На пленарната сесија на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес се очекува да учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан, како и заменик-претседателот на Европската комисија Жозеп Борел и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.

Share

AniWatch anime online: Watch One Punch Man Episode 2 (https://aniwatch.pro/m/4va/ep-2)

4Anime danganronpa 4anime: That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) (https://4anime.biz/m/Jok7) Episode 24

Scroll to Top