(Видео) Алиу најави реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

(Видео) Алиу најави реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

пред 17 часа

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која се разговараше за предизвиците во функционирањето на системот Мој Термин и новините кои се планирани во оваа област.

-Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој Термин, со цел креирање поедноставен, побрз и подостапен систем. Правиме платформа што не создава бариери, туку отвора врати, што функционира во реално време и им дава на граѓаните сигурност дека се приоритет, изјави министерот Алиу.

Тој посочи дека многу скоро оваа промена граѓаните ќе ја почувствуваат не само на екраните, туку и во нивното секојдневие.

Текстот (Видео) Алиу најави реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top