(ВИДЕО) Васев: Јанушев осомничен за штета од 5 милиони евра, нема промена во криминалната ВМРО-ДПМНЕ

пред 2 месеци

„Никаков нов концепт, никакви нови политики не може да понуди Христијан Мицкоски. Тој е опкружен со лица од режимот, лица кои се во судир со законите. Еден од нив е и Игор Јанушев сегашен пратеник а до неодамна прв соработник на Мицкоски како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Против Јанушев е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба при набавката на кинеските автобуси.

Јанушев се сомничи дека го оштетил Буџетот за безмалку пет милиони евра, пари на граѓаните.

Со ова обвинение се зголемува бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и кои се наоѓаат пред судовите.

Да потсетиме за истото кривично дело Злоупотреба на службената положба, на обвинителна клупа е и Антонио Милошоски, човек за кого има и пресуди од германски судови.

Криминал, деструкција, лажни вести и блокади, тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски е на браникот на криминалот на режимот и ништо друго, но бегање од правдата нема, секој што се огрешил пред законите мора да сноси одговорност.

Можат да се пребојуваат со сите бои, но тоа нема да го сокрие фактот дека во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема никаква промена.

Тоа на граѓаните им е одамна јасно, затоа немаат доверба во политиките на Мицкоски, затоа одново ќе го поразат ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори.

Со вакви криминални структури, со деструкции и блокади, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се соочат со нов пораз на претстојните избори“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Share

TwistMoe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animepahe.cc: Watch Pleasant Goat and Big Big Wolf: The Tiger Prowess animepahe Episode Full anime pahe

AnimeFLV Watch anime online, English anime online HD

Website https://animefreak.ws: Watch Brother, Dear Brother animefreak Episode 39 dubbed anime

Animefreakws tumblr: https://animefreakws.tumblr.com/

Zintro: https://www.zintro.com/profile/animefreakws

Scroll to Top