(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски и Вело Марковски се мрачни некрофили кои го загрозуваат здравјето и се радуваат на несреќи

пред 5 месеци

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски остануваат најголемата закана по јавното здравје. Последните изјави на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски носат нов скандал. Вело Марковски на сите доктори кои препишуваат „Сумамед” во стандардна терапија индиректно им го стави на товар бројот на починати од “Ковид-19”.

Претходно, овој член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека нема да има есенски бран и дека маски воопшто не треба да се носат. Со тоа Марковски се обидува да го поткопа здравствениот систем“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Истовремено, неговиот шеф, Мицкоски секојдневно се радува на бројот на починати од Ковид 19. Како едвај да чека бројот на починати од коронавирусот да се зголемува, за навечер да објавува содржини на социјалните мрежи каде ликува, се радува на несреќата на стотици семејства.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се Мицкоски и Марковски, мрачни некрофили кои се обидуваат политички да профитираат врз несреќата на граѓаните.

Ним не им е битно здравјето на граѓаните. Напротив, се обидуваат на секој начин да го поткопаат здравствениот систем, да ја отежнат работата на здравствените работници.

Наместо помош и поддршка, од почетокот на пандемијата па се до денес, граѓаните од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гледаат само опструкции, лажни вести и масовно кршење на мерките за заштита од ковид 19.

Заради таквото однесување Мицкоски е казнет од граѓаните, заради таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Share
Scroll to Top