Владата има капацитет и политичка волја да се справува со криминалот и корупцијата, вели Спасовски

пред 11 месец

Оваа Влада навистина има капацитет и политичка волја да се справува со корупцијата и криминалот. Дали е тоа во високите ешалони или се работи генерално за сузбивањето на криминалитетот треба да продолжиме многу интензивно во таа битка, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој, коментирајќи ги критиките од страна на опозицијата дека борбата против високата корупција се сведува само на функционери од поранешната власт, посочи дека без разлика дали се работи за поранешни или сегашни функционери, доколку некој се огреши пред Законот ќе одговара. – Ако имаме повеќе луѓе кои учествувале во криминални активности во тие 11 години, во времето на режимот, тогаш и многу повеќе луѓе ќе носат одговорност. Тоа не значи дека кој било носител на функција и од актуелната власт доколку се огреши пред Законот, доколку не постапува врз основа на законските одредби, нема да биде земен на одговорност, рече Спасовски. Тој додаде дека критиките ги доживува само како критики од страна на опозициска партија која сака да изнесува свои ставови во јавноста. – Овие случаи кои се водат пред истражните органи, пред Обвинителството и Судот се случаи за кои мора и треба да има постапување, рече Спасовски осврнувајќи се на прашањето дека судот го прифатило обвинението на Антонио Милошоски. Текстот Владата има капацитет и политичка волја да се справува со криминалот и корупцијата, вели Спасовски е превземен од А1он .

Share

Beyblade Burst Sparking (Dub) Episode 26

AniWatch Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

WCOStream: Soukyuu no Fafner: Dead Aggressor - Exodus 2nd Season anime episode 13 online free at https://wcostream.cc wcostream hunter x hunter

KissAnime Watch anime online, English anime online HD

Lovesolutions431 xobor: http://lovesolutions431.xobor.com/u3327_gogoanimebe.html

Prsync: http://prsync.com/kissanime/

Scroll to Top