Влада: Реформата во образованието ќе се носи исклучиво низ јавен и аргументиран процес

пред 6 дена

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и членовите на работната група за реформи во основното образование денеска ги презентираа основите на образовната реформа пред премиерот, Зоран Заев, и пред членови на неговиот кабинет.

Од Владата соопштија дека Заев на средбата изразил поддршка за неопходноста од реформи на образовните програми, осврнувајќи се на потребата од современо и квалитетно образование како предуслов за економски напредок и за општествена трансформација базирана на вредности.

„На презентацијата посебно внимание беше ставено на фактите кои говорат за неопходноста од образовни реформи без одлагање како што се ниските оценки за нашето образование на меѓународните тестирања на учениците, наодите и мислењата на меѓународните и домашни институции за образовните програми, како и мислењето на родителите и на наставниците и пред сѐ мислењата на учениците. Од анализите кои се користени утврдено е дека е потребно образование кое учениците го доживуваат како корисно и интересно, а не напорно и досадно, образование кое ги учи децата да учат преку разбирање и сопствено критичко мислење, а не ‘на памет’“, се нведува во соопштението на Владата.

Се разговарало дека со новата концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење кои во моментот може да си ги дозволат само дел од граѓаните.

„Посебно внимание беше посветено на потребата од темелна, наместо паушална реформа која ќе ги отстрани клучните недостатоци на нашиот образовен систем како што се политизацијата на училиштата, содржините на учебниците кои не се соодветни на времето во кое живееме и на потребите на децата, како и слабата мотивација на наставниците“, соопштија од Владата.

Премиерот Заев на средбата нагласил дека Владата, Министерството за образование и наука, како и работната група остануваат на ставот да ги поттикнуваат сите заинтересирани да се вклучат во јавната дебата, да придонесат со свои предлози, сугестии, коментари и критики преку активно учество во тековните јавни расправи на МОН, како и со испраќање писмени предлози до надлежното министерство и Бирото за развој на образованието.

Со цел активно и сеопфатно вклучување во јавната расправа, Владата ќе иницира до Собранието да организира јавна консултација на која ќе учествуваат сите засегнати страни и на која ќе се презентираат различни и спротивставени аргументи за да се стигне до најдобри решенија.

„И Владата и МОН остануваат на ставот дека реформата ќе се носи исклучиво низ јавен, аргументиран, критички и отворен процес, бидејќи во основата на оваа реформа се токму критичкото мислење, разбирањето и прифаќањето на различни, но добро аргументирани решенија“, се наведува во соопштението.

Share

KonoSuba: God's Blessing on This Wonderful World! Episode 10 at GoGoAnime god of highschool gogoanime

One Punch Man 2nd Season Episode 12 at website https://animeheaven.pro anime heaven site

Scroll to Top