ВМРО-ДПМНЕ: Заев со специјалци тепа луѓе на карневал кои го исмеваат неговото лошо владеење

пред 7 дена

Власта на Заев со специјалци тепа граѓани на карневал, кои преку маски и хумор го исмеваат лошото владеење на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по интервенцијата на полицијата на карневалот во Вевчани.

„Прагот на толеранција кон секоја критика на СДСМ и на Заев е нула. Ова денеска во Вевчани беше приказ како функционира тоталитарен режим. Под наредба на Заев денес брутално и насилно стотина специјалци ги тепаше, апсеше и малтретираше граѓаните кои учествуваа на вековниот Вевчански карневал, меѓу кои имаше деца и стари лица“, велат од партијата.

Тоа што не успеале разни поробувачи во окупации и во комунизмот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, му успеа на Зоран Заев, да го прекине канревалот со ќотек и апсења.

„Зоран Заев и полицијата никаде ги немаше кога во Штип славеа на јавен простор и по кафаните функционерите на СДСМ и нивните пајташи, ама затоа се брутални со вевчанци. За Заев не е проблем кога се собираат владините функционери кои кршат мерки и на нив не смее ни да помисли да им прати специјална полиција, но затоа кога се граѓаните во прашање се фаќа за пендракот и удира. Македонците нема повеќе да го трпат насилието на Заев. За се следува казна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share

anime heaven anime bleach anime heaven anime heaven anime

hunter hunter animeflix animeflix haikyuu one punch man animeflix

anime planet jojo diamond is unbreakable anime planet jojo part 5 bakemonogatari anime planet

Scroll to Top