ВМРО-ДПМНЕ: Како ќе се справат Заев и Филипче со корона кризата, кога не го намалија бројот на заразени во лето, а допрва следува сезона на грип

пред 5 месеци

„Заев и Филипче целосно потфрлија. Бројот на ново заразени од коронавирус на дневно ниво не паѓа под 200. Само во текот на вчерашниот ден имавме нови 225 заболени и 8 починати. Здравствениот систем менаџиран од Заев и Филипче не може да се справи со проблемите предизвикани од коранавирусот. Македонија е на прагот на есента и бројките се троцифрени. Уште не е почната сезоната на грип, а ние веќе имаме наплив на заразени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако состојбата е алармантна денес, што можеме да очекуваме за месец или два?! Државата е буквално пред колапс на здравствен план и за тоа Заев и Филипче мора да сносат одговорност. Несериозноста оди до таму да нема ниту сезонско вакцинирање против грип, а сезоната на грип само што не почнала. Македонија беше единствена држава, која поради неспособноста на Заев и Филипче немаше крај на првиот бран на коронавирус, туку е во континуиран бран од почетокот на пандемијата до денес. И бројките не се намалуваат туку растат од ден во ден и секој ден имаме нов пик. За ова одговорност мора да има. Дотолку повеќе што Филипче тврдеше дека бројот на заразени нема да надмине над 2000. Дека власта нема план за справување со кризата покажува и тоа што често заболени имаме и деца од градинки, но и од училишна возраст. За несигурноста која ја внесоа кај граѓаните, мора да има одговорност“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ. Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Како ќе се справат Заев и Филипче со корона кризата, кога не го намалија бројот на заразени во лето, а допрва следува сезона на грип е превземен од А1он .

Share

Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 63 (https://crunchyrollfree.com/m/5rKZ/ep-63) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 30 day trial

I'm standing on 1,000,000 lives. (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/0M7e) Episode 10 at website https://kissanimeonline.com kissanime beastars

Scroll to Top