Генерал Волтерс: Придонесот на С. Македонија во НАТО од витално значење за мирот и стабилноста на Западен Балкан и Европа

пред 3 месеци

Приемот на Северна Македонија во НАТО минатата година претставува вистински регионален успех. Вашиот воен придонес кон Сојузничката команда за операции имаат витално значење за мирот и стабилноста на Западен Балкан и безбедноста на Европа, истакна командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генерал Тод Волтерс на денешната средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Генерал Волтерс, кој е еден од двајцата стратешки команданти за НАТО кој командува со операциите на сојузничката команда (ACO) и е командант на силите на САД за Европа, беше пречекан пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата со високи воени почести од страна на началникот на ГШ, генерал Васко Ѓурчиновски.

На средбата со Шекеринска се дискутираше за значењето на стратешкото поврзување на НАТО и ЕУ како процес во кој Северна Македонија како европска членка на НАТО може да придонесе, особено кога се има предвид успешното зајакнувањето на односите во одбраната со европските сојузници во последната година. Стана збор и за важноста на развојот на „Криволак“ како национален и НАТО капацитет и успехот на најголемата НАТО вежба „Defender Europe 21“ чиј составен дел беше вежбата „Одлучен удар 21“ на „Криволак“, соопшти Министерството за одбрана.

Посакувајќи му добредојде и благодарност за укажаната чест, стои во соопштението, министерката Шекеринска на средбата рече дека Северна Македонија како најнова членка на НАТО е фокусирана на обврските кои произлегуваат од членството, посветена на вредностите и принципите на Алијансата и активно придонесува во регионалната безбедност и зацврстување на единството во НАТО, соопшти Министерството за одбрана.

-Од земја која три децении посакуваше да стане членка на НАТО, сега сме дел од Алијансата со активен придонес во регионалната безбедност. Со стабилното зголемување на одбранбениот буџет, вложуваме во модернизација и зголемување на капацитетите на Армијата со особено внимание на транспарентноста на процесот. Северна Македонија ќе продолжи да дава свој придонес во мисиите и операциите на Алијансата, особено во силите КФОР во Косово и во мисијата во Ирак каде во тек се подготовките за упатување на контингент од Министерството и Армијата. Континуираниот долгогодишен придонес во силите ИСАФ, а потоа и во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, која согласно одлуката на НАТО е во фаза на завршување, е доказ за активната улога на Армијата на Северна Македонија во операциите на Алијансата, рече министерката.

Од МО информираат дека учеството на припадниците на Армијата на Северна Македонија во НАТО мисиите во последната година, но и долги години пред членството во НАТО е оценето како извонреден придонес во Алијансата со највисоки резултати.

-За време на средбата помеѓу генералите Ѓурчиновски и Волтерс се разговараше за тековните процеси кои се одвиваат во Армијата на Република Северна Македонија со цел потполна интеграција во НАТО, како што се процесот на трансформација на командите и единиците на Армијата и нивото на постигнатите цели и способности, како и за заедничките активности во кои учествуваат припадниците на Армијата на меѓународните вежби и мировните операции предводени од НАТО, информира МО.

Како дел од програмата за посетата, во касарната „Илинден“ пред високиот гостин беа изведени показни вежби од страна на припадниците на Армијата. Неколку единици ја демонстрираа обученоста во одредени активности со примена на стандардите и процедурите во операциите на НАТО.

Share

Crest of the Stars Episode 13

AnimeBee: Chaos Dragon (Dub) anime episode 12 online free at https://animebee.to anime online

TwistMoe Watch english anime Online in HD for FREE

Dorohedoro Episode 12

Starity: https://starity.hu/profil/293399-animeflixnl/

Forum acronis: https://forum.acronis.com/user/358936

Scroll to Top