Директорот на струмичката општа болница, Наќе Гогов, преку Фејсбук бара донации со кои ќе се купи болничко возило.
Тој вели дека постојните болнички возила се застарени и малку на број, а потребите на болницата се зголемени поради пандемијата со Ковид-19.
„Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело“, напиша директорот Гогов на Фејсбук.
Тој вели е свесен дека не би требало да се бараат донации преку Фејсбук, но “ЈЗУ Општа болница -Струмица” има потреба од ново болничко возило кое ќе биде од корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион.