Заев: Методологијата за попишување во дел вклучува и електронски попис

пред 5 месеци

Пописот 2021 во Северна Македонија ќе се спроведе со нова методологијата која првпат ќе се применува кај нас и која во еден дел вклучува и електронски попис. Овој комбиниран модел е познат во светската пракса и е во согласност со препораките на ОН и Евростат, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Премиерот посочува дека со вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите коишто веќе постојат во државата, како, на пример, оние на МВР и на Фондот за здравство, ќе имаме целосен преглед за податоците кои се неопходни, но, не се опфатени со електронските бази.

– Тоа значи дека електронскиот попис веќе е дел од севкупната методологија на статистичката операција – Попис 2021, кој заедно со теренското попишување ќе обезбеди заокружен процес за целосна успешност на најважната статистичка операција како основа за идните развојни програми на државата.

Пописот 2021 во Северна Македонија ќе се спроведе со нова методологијата која за првпат ќе се применува кај нас и која…

Posted by Zoran Zaev on Sunday, 31 January 2021

Само електронски попис нема да е доволно за да имаме комплетни податоци какви што се потребни според Евростат и меѓународните стандарди, затоа што одреден дел од податоците од електронските бази не ја даваат комплетната и прецизна слика, напиша Заев.

Премиерот Заев наведува дека само со електронски попис не можат да се добијат сите потребни податоци за нерезидентните граѓани, односно граѓаните кои се во странство повеќе од една година, а кои се опфаќаат со Пописот за 2021 година. Според него, ниту една база на податоци не ја дава комплетната слика за видот, стандардите и бројот на живеалиштата на нашите граѓани, која може многу да помогне во креирањето на социјалните политики.

Share

AniWatch aniwatch me: Gintama Episode 201

AnimeTV anime tv shows website: Fire Force Season 2 Episode 24

Scroll to Top