Заев со честитка по повод Божик до верници на Католичката црква

пред 5 месеци

Претседателот на Владата Зоран Заев упати писмо со честитки до Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква.

Во писмото и до сите верници на Католичката црква во нашата земја, премиерот Заев пишува дека Божик е еден од најсветлите празници, кој носи нов живот, нова надеж за подобро утре за секој човек и за секое семејство, кој годинава го славиме во посебни услови кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.

„ Овој голем христијански празник секогаш ги повикува луѓето да се огледаат во делото и учењето на Исус Христос, како најинтимен и најрадосен момент во душата на секој верник, при што во мир и со спокоен дух заедно да го победиме злото и да го преобразиме во добро. Соочени со моќен непријател, но водени од христовата љубов да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, а овие светли денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни“, истакнува во писмото премиерот Заев, и додава како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата да ги почитуваме препораките за безбедно растојание, носење на заштитна опрема и за одржување на редовна лична хигиена и за време на празниците.

Заев ја нагласува пораката на Божикните празници кои поттикнуваат на човечко милосрдие, на добри дела, на разбирање еден со друг и на љубов во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава.

„ Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! Христос се роди! Навистина се роди! Останете дома во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани!“ пишува во писмото со честитки по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик кој денеска го прославуваат верниците на Католичката црква.

Share

AnimeFreak watch anime free: Watch Black Clover (Dub) Episode 71

GoGoAnime gogoanime reddit: Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 9

Scroll to Top