За една недела санкционирани 166 непрописно паркирани возила во Општина Центар

пред 4 месеци

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 166 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопштија од ЈП ПОЦ, во периодот од 14 до 20 декември, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се уште 78 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Share

AnimeTV 1 anime tv: My Hero Academia 3 (https://animetv.cc/m/y092) Episode 25

AnimeDao attack on titan season 3 animedao: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full

Scroll to Top