Зоран Милески-Кичеец денеска треба да се јави во затвор за случајот „Рекет“

пред 5 месеци

Зоран Милески – Кичеец денеска треба да се јави на издржување на затворската казна од 3 години за случајот „Рекет“. Од Основниот Кривичен суд велат дека со оглед на тоа што денеска е неработен ден, утре ќе се знае дали во меѓувреме поднел барање за одложување на казната или пак до вечер ќе се пријави на издржување. Ниту тој, ниту неговиот адвокат денеска не одговараат на телефонските повици. Милески има можност да бара да се одложи неговото одење в затвор од повеќе причини, како што се болест, смрт или тешка болест на близок, за да заврши неодложни работи или, пак, за да се грижи за деца или немоќни лица. Милески на стартот на процесот призна вина по што веднаш ја доби и пресудата. Освен Кичеец, во истиот процес на седумгодишна затворска казна е осудена и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и на девет годишна затворска казна неформалниот соспственик на поранешната 1ТВ, Бојан Јовановски попознат како Боки 13. Текстот Зоран Милески-Кичеец денеска треба да се јави во затвор за случајот „Рекет“ е превземен од А1он .

Share

Watch Shaman King (2021) Episode Preview at AnimeFreak animefreak dororo

Attack on Titan Season 3 (https://gogoanime.be/m/rY1Q) Episode 12 at GoGoAnime classroom of the elite gogoanime

Scroll to Top