Изменет времен режим на сообраќај на патот Кичево-Охрид помеѓу селата Климештани и Мешеишта

пред 6 месеци

Градежната компанија Викторија Инвест утре ќе се започне со изведување градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата помеѓу селата Климештани – Мешеишта, каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот.

Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) денеска соопшти дека на местото каде ќе се изведуваат градежни работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Изменетиот режим на сообраќај ќе трае се до завршување на планираните работи.

Како што стои во пладневниот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Share
Scroll to Top