Казни за 144 возачи во Скопје, 47 возеле над дозволеното

Казни за 144 возачи во Скопје, 47 возеле над дозволеното

пред 11 месеци

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење.

МВР со најава дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Текстот Казни за 144 возачи во Скопје, 47 возеле над дозволеното е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top