МВР: Запленета дрога со вредност околу 70.000 евра, приведени четири лица

пред 4 дена

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар вчера спроведоа координирана акција, при што се лишени од слобода четири лица и запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, и три возила, информира Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од ОВР Дебар кај Бошков мост се обиделе да сопрат патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки поради сомнение дека во возилото има дрога, но возачот не застанал и се дал во бегство, а по преземени мерки и активности во близина на Скудрински мост пронајдено е возилото и приведен А.И. (32) од с. Никуштак. Во возилото се пронајдени две големи торби со 20 пакувања марихуана, соопшти МВР.

– Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, на магистралниот пат Дебар-Гостивар сопрено е патничко моторно возило „рено лагуна“ со германски регистерски ознаки, кое имало улога на „чистач“ при транспортот, при што се лишени од слобода возачот Б.Џ. (45) од с.Арачиново и Б.А. (34) од с. Арачиново, кој се барал и со потерница за претходно сторено кривично дело. На 14.09.2021 во врска со овој случај, во Дебар е лишен од слобода и У.Н. (28) од с. Бањишта. Извршени се и претреси и притоа се пронајдени поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички, а одземени се и три возила. Против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 став 3 од Кривичниот закон и ќе бидат изнесени пред надлежен судија, се вели во соопштението на МВР.

Share

Animepahe Watch anime online, English anime online HD

Watch Battle Programmer Shirase Episode 5

AnimeBee: Kill Me Baby (Dub) anime episode 13 online free at https://animebee.to watch anime

AniWatch: Megaman Star Force anime episode 55 online free at https://aniwatch.pro watch anime

Kissanimemx blogspot: https://kissanimemx.blogspot.com/2021/06/dfgh.html

Linkhay: https://linkhay.com/u/gogoanimelol

Scroll to Top