„Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари, што е ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец. Месечната кошничка за основните потреби на граѓаните стана прескапа“, велат од СДСМ.
„Ова е резултат на погрешната политика на Мицкоски кој ги игнорира потребите на граѓаните и не презема мерки за заштита на стандардот.
СДСМ предложи конкретни законски решенија кои како мерки веднаш ќе донесат олеснување кај граѓаните, намалување на цените и покачување на платите.
Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ:
-Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.
-Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.
Доста беше политичка ароганција и инает, граѓаните осиромашуваат, време е конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност“, соопшти СДСМ.
Текстот Месечната кошничката стана прескапа, власта да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 евра, бара СДСМ е превземен од МАКФАКС.