МЗ: Македонија добива брз пристап до лекот Ремдесивир преку ЕУ

пред 7 месеци

Преку Европската Унија, Република Северна Македонија добива брз пристап до лекот Ремдесивир. Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500.000 дози од „Veklury“, бренд името на лекот „Ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините, информира Министерството за здравство.

„Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Veklury (Ремдесивир) е лек за третман на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

„Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна , респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.

Инаку, Република Северна Македонија преку Клиничката студија на Светската Здравствена Организација веќе го има лекот Ремдесивир, а со ова ќе се обезбедат дополнителни количини од истиот“, соопшти Министерството за здравство.

Share

ANIMEFLIX sites like animeflix: Watch TONIKAWA: Over the Moon For You Episode 2

AniWatch watch anime free: Naruto: Shippuden (Dub) Episode 500

Scroll to Top