Ниту еден пратеник или член на собраниските служби нема да оди во изолација поради контакт со Петровска

пред 6 месеци

Ниту еден пратеник или службеник од Собранието нема да оди во изолација поради контакт со пратеничката Славјанка Петровска, која пред два дена објави на својот профил на Фејсбук дека е позитивна на коронавирусот, информираат од Центарот за јавно здравје.

– Петровска немала ризични контакти во Собранието. Во изолација ќе одат само членовите на нејзиното семејство, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов.

Во Собранието, како што посочи тој, се почитуваат сите мерки за заштита и превенција од коронавирусот.

И колегите на Петровска од пратеничката група на СДСМ велат дека се почитуваат сите мерки – носење заштитна маска, држење дистаца, и оти при влез во Салата со Купола се дезинфицираат и оти таму се постојано со маски.

Пред Петровска уште четворица други пратеници беа позитивни на Ковид-19, но сите се вратени на работните места.

Share

AniWatch watch anime free: Watch Naruto (Dub) Episode 134

ANIMEFLIX animeflix god of highschool: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 3 (https://animeflix.nl/m/PyXN/ep-3)

Scroll to Top