Нуредини: Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот

пред 3 дена

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека на денешната седница на Собранието се донесоа четири закони од областа на управување со отпадот: Закон за управување со отпадот, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со дополнителни текови на отпад и Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.

Во текот на месец август, од страна на Собранието беа донесени Законот за управува со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

„Донесувањето на овој пакет од 6 закони е во насока на реформа на законодавството од областа на управувањето со отпадот, што го опфаќа општиот систем на национално ниво регулиран во општиот Закон за управување со отпадот и посебни закони кои се однесуваат на посебните текови на отпадот, ориентирани кон принципите на циркуларна економија и превенција на отпадот, односно реупотреба, преработка и рециклажа.

Подготовката на законите траеше долг временски период, со учество на меѓународни и локални експерти, преку консултација со засегнатите страни, општините, колективните постапувачи и комуналните претпријатија, невладиниот сектор и јавноста, со цел вградување на потребите на засегнатите страни и втемелување на принципите на заштита на животната средина во еден функционален систем кој конечно ќе биде имплементиран соодветно и во пракса“, се наведува во соопштението.

Share

Website https://wcostream.cc: Watch Anemone: Eureka Seven Hi-Evolution (Dub) wcostream Episode Full mickey and the roadster racers wcostream

Mr. Osomatsu (https://aniwatch.pro/m/QDN) Episode 25

Website https://animepahe.cc: Watch Mouryou no Hako: Chuuzenji Atsuko no Jikenbo - Hako no Yurei no Koto animepahe Episode Full anime websites

KissAnime: Blue Exorcist: Runaway Kuro anime episode Full online free at https://kissanime.mx kiss x sis kissanime

Godotengine: https://godotengine.org/qa/user/kissanimemx

Gogoanimebe tumblr: https://gogoanimebe.tumblr.com/

Scroll to Top