Одобрена предвремена исплата на обврските кон странски компании во Македонија

пред 1 година

Дирекцијата за технолошко развојни зони (ДТРИЗ) одобри предвремена исплата на обврските на државата кон две странски компании „Костал“ и „Гентерм“. Овие две компании, две, односно четири години порано од предвиденото веќе ги постигнале планираните таргети за вработување. Дополнително, заклучно со крајот на 2020 година само во овие две компании креирани се над 1.000 работни места повеќе од поставените цели.

Американската компанија „Гентерм“ предвидела 1.255 работни места до крај на 2024 година во моментов имаат 2.173 ангажирани лица, додека компанијата „Костал“, која има обврска до крајот на 2022 да отвори 730 работни места, веќе има 820 креирани работни места. Двете компании се дел од автомобилската индустрија.

„ Воведуваме нов квалитет во работење на Дирекцијата – буквално ги следиме во чекор инвеститорите во реализацијата на инвестициите. Дирекцијата и Владата се сериозен партнер и со ваквите мерки покажуваме дека имаме капацитет да ја следиме динамиката на сите компании кои забрзано инвестираат и исполнуваат поставени цели. Со предвремената исплата ги поттикуваме и останатите инвеститори забрзано да вложуваат во својот развој и да ги шират капацитетите“, порача директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски.

Вкупниот износ на предвреме исплатени обврски на државата кон овие две компании изнесува 51,2 милиони денари, средства обезбедени со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници донесена од страна на Владата во декември 2020г.

Во моментот во индустриските зони работат над 14.000 лица и анализите покажуваат дека и во услови на криза бројот на вработени во овие компании останува стабилен. ДТИРЗ веќе работи на креирање посебни државни програми и мерки со цел да се поттикнат компаниите да исплаќаат повисоки плати, како и да се привлечат инвестиции со повисока додадена вредност кои ќе донесат и подобро платени работни места. Целта на Дирекцијата е поттикнување на раст на платите на работниците ангажирани во индустриските зони за 30% до 50% до 2024 година.

ДТИРЗ работи и развој на нов пристап во делот на грижата на корисници како и на развој на нови иницијативи во делот на привлекување приватен капитал во развојот на инфраструктурата и инвестициите.

Share

english dubbed anime. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatch app AniWatch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

AniWatch Attack on Titan Season 3 Part 2

aniwatch app My Hero Academia Season 4

dubbed anime That Time I Got Reincarnated as a Slime

AniWatch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Part 2

Scroll to Top