Општина Тетово: Воздухот не е ризик за учениците и граѓаните, наставата продолжува од утре

пред 2 години

Општина Тетово ја информира јавноста и раководните лица на образовните институции во градот дека образовниот процес во Тетово, кој денеска беше во прекин поради состојбата создадена по пожарот во фабрички магацин, утре ќе продолжи нормално.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Оваа одлука доаѓа по направените анализи и резултати кои се добиени од станицата за мерење на квалитетот на воздухот и врз основа на ова е констатирано дека нема ризик за учениците и граѓаните. Така, образовниот процес во основните и средните училишта во градот, како и во јавната установа ‘Градинки Младост’ се враќа во нормала“, се наведува во соопштението.

Во него се апелира до сите вработени во образовните институции утре да продолжат нормално со наставата бидејќи до крајот на учебната година остануваат уште десетина дена.

Share
Scroll to Top