ОЈО Скопје донесе резолуција за предметот на поранешниот претседател на Врховниот суд

пред 2 дена

Основното јавно обвинителство Скопје утврди дека во случајот кај поранешниот претседател на Врховниот суд не постојат основи на сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност.

Во денешното соопштение, ОЈО информира дека е донесена резолуција во однос на известувањето од Врховниот суд од 29.10.2019 година во кое се наведени предмети кои биле затекнати по донесените одлуки за времено оддалечување од вршење на судската функција на тогашниот претседател на Врховниот суд и на уште еден судија.

– По приемот на ова известување заедно со записникот од седницата на Одделот за казниви дела на Врховниот суд одржана на 03.10.2019 година, ОЈО Скопје направи проверки во Врховниот суд на РСМ и во Судскиот совет. Воедно, во обвинителството беше испитан и поранешниот претседател на Врховниот суд кој даде исказ, а подоцна и писмено приложи појаснувања преку свој бранител. Од направените анализи и од наведените проверки произлезе дека констатираните состојби во извештајот и записникот на Врховниот суд на РСМ упатуваат на оценка за нестручно и несовесно вршење на функциите судија и претседател на суд што е во надлежност на Судскиот совет на РСМ. Но пријавениот претседател на суд веќе бил разрешен од судиската функција по друг основ. Од кривично-правен аспект, пак, обвинителството не утврди дека постојат основи за сомнение дека било извршено кривично дело кое се гони по службена должност, се појаснува детално во соопштението.

Share

Watch Kuroko's Basketball 2 Episode 24 (https://gogoanime.be/m/m2B/ep-24) at website https://gogoanime.be gogoanime kissanime tv

Violet Evergarden Movie Episode Preview at AnimePlanet anime planet manga recommendations

Scroll to Top