Полицијата и пазарните инспектори вчера влегле во 300 скопски кафеани, приведени тројца сопственици

пред 4 месеци

На 27.12.2020 во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 297 објекти, информираат полицијатa и ДПИ.

Од преземените мерки и активности констатирани се непочитувања на законите на подрачјата на ПСОН Бит Пазар, ПО Сарај и ПС ОН Аеродром и објектите се затворени, а ќе следуваат и соодветни кривични пријави, се вели во соопштението.

На 27.12.2020 во 18:20 часот во објект на ул.Отокар Кершовани, сопственост на А. Ш. ,затекнати се гости, по што објектот е затворен од ДПИ, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од КЗ.

На 27.12.2020 во ресторан во с.Бојане сопственост на Б.Б. биле затекнати околу 80 гости, кои присуствувале на прослава. Прославата е прекината во 16:30 часот, по што од страна на ДПИ објектот е затворен, а ќе следува и
соодветна кривична пријава.

На 27.12.2020 година во 19 часот во угостителски објект на ул.Венијамин Манчуковски се затекнати 9 лица-гости и објектот е затворен од страна на ДПИ, а одговорното лице Ј.Н. е приведено и ќе биде поднесена соодветна кривична
пријава, додаваат од ДПИ.

Share

AnimeTV animes online: Bleach (https://animetv.cc/m/9xO) Episode 366

KissAnime kissanime discord: Dr. Stone: Stone Wars (https://kissanimeonline.com/m/MVKg) Episode 11

Scroll to Top