Починатата трудница одбивала да биде хосптализирана, бидејќи имала негативен тест за Ковид

пред 3 месеци

22-годишната трудница која го изгуби животот одбивала да биде хоспитализирана, бидејќи имала негативен тест за Ковид-19, а протоколите налагале таа да биде сместена во оддел каде лежат суспектни трудници.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, појасни дека независно од ковид-тестовите, пациентките со симптоми се третираат како суспектни и се сместуваат во посебен оддел.

„22 годишната трудница е дојдена во Клиника утрото на 23-ти по трет пат, инаку на 22 ноќта доаѓала двапати и одбивала да биде хоспитализирана, иако и било објаснето и на неа и на семејството, дека го става во ризик и бебето и самата себе“, рече Јовановска.

Пациентката тогаш примила инфузија, се потпишала и заминала од Клиниката.

Трудницата имала нерегулиран дијабет и проблеми со тироидната жлезда, а ова и била прва бременост.

Share

Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 15 at website https://animefreak.ws animefreak dororo

Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 11 (https://crunchyrollfree.com/m/rZrv/ep-11) at website https://crunchyrollfree.com. See more free crunchyroll premium account

Scroll to Top