Поштар им ги земал пензиите на тројца гостиварци

пред 8 месеци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.И.(59) од с.Лакавица, вработен како поштар во Гостивар, поради три кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „проневера во службата“.

Во декември 2019 поштарот сам потпишал налози за исплата на пензии за декември 2019 година, со што извршил фалсификување на потпис на платните инструменти – налог за исплата на готовина ПП-40 на три лица и притоа постапил спротивно на точка 66 од Упатството за вршење на платен промет во земјата. Со ваквото дејствие, пријавениот присвоил пари кои му биле доверени во службата и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 31.841 денари, на штета на С.С., Ф.Ќ., двајцата од с.Беловиште, Гостиварско и И.Р. од с.Лакавица, Гостиварско.

Share

AniWatch watch anime online: DARLING in the FRANXX (https://aniwatch.pro/m/jmB6) Episode 24

AnimeFreak kiss anime freak: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (https://animefreak.ws/m/W5o4) Episode 12

Scroll to Top