Пратеникот Лазе Таневски позитивен на Ковид-19

пред 3 месеци

Пратеникот од СДСМ од Охрид Лазе Таневски на неговиот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот Ковид-19.

Таневски информира дека тестирањето го направил самоиницијативно, поради неодложно приватно патување. Членовите на неговото семејство се негативни на тестирањето.

-Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја, напиша на фб Таневски.

Тaневски е вториот пратеник позитивен на Ковид-19, откако вчера беше објавено дека на Инфективната клиника во Скопје е примен пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски со симптоми на болеста.

Share
Scroll to Top