Премиерот Заев ќе препорача разрешување на Лидија Димова

пред 7 месеци

Премиерот Зоран Заев на денешната владина седница го информирал кабинетот дека на барање на вицепремиерот Љупчо Николовски ќе препорача разрешување на Лидија Димова од позицијата директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поради неетично постапување и индиции за несоодветно финансиско работење.

„Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на оваа седница ја информираше Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, задолжен и за спроведување на Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и дека ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста,“ се вели во соопштението од денешната 13-та владина седница.

Од Владата објаснуваат дека оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, како и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност.

Share

ANIMEFLIX animeflix dr stone: Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Cam-Nosub

AnimeFreak dubbed anime: Watch Bleach Episode 231

Scroll to Top