Претреси во Охрид, уапсен дилер на дрога

пред 3 месеци

Вчеравечер во Охрид, пред угостителски објект кај бензинска станица, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за специјални полициски операции-Единица за специјални задачи и СВР Охрид – Оддел за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода А.И.(44) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела недозволена трговија со дрога и оружје.

Имено, при извршен преглед кај него и на неговото возило биле пронајдени марихуана и два ножа, а при претреси во неговиот и домот на неговата сопруга, извршени по претходно издадени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и 331 парче распрскувачки материи.

По завршување на претресот, А.И. е приведен во Полициска станица Охрид, а по комплетирање на целокупната документација ќе му бидат поднесени кривични пријави за сторени Кривични дела по член 215 и чл. 396 од Кривичниот законик.

Share

Watch Uzaki-chan Wants to Hang Out! (Dub) Episode 10 at AnimeHeaven toradora anime heaven

Naruto: Shippuden (Dub) Episode 500 at website https://gogoanime.be gogoanime food wars

Scroll to Top