Вчера околу 23.00 часот, во тетовско Доброште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода лицето Н.А.(32) од ова село, кај кого биле пронајдени 13 паковки кокаин.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти МВР.