Приведен прилепчанец за кражба во стан во Скопје

пред 2 дена

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.К.(35) и М.Р.(25), двајцата од Прилеп, за тешка кражба, при што се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 560.000 денари.

Пријавените, на втори овој месец колу 13.30 часот во стан на ул.„Манапо“ во Скопје со употреба на подесен клуч „калауз“ ја отклучиле бравата од влезната блиндор врата, влегле внатре и украле рачни часовници, парфеми и други предмети.

На 13 септември првопријавениот бил приведен.

Share
Scroll to Top