Промоција на две книги на Марјан Анѓеловски

пред 4 месеци

Во Амбрела во ГТЦ – Скопје вечерва ќе се одржи промоција на две нови книги на Марјан Анѓеловски – романот „Колку убав погреб“ и драмата „Животот е краток и нејасен“.

Двете книги се поддржани од Министерството за култура, како проекти од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност за 2020 година.

„Колку убав погреб“ е роман кој зборува за животот на бездомникот Ангел, кој живее од смртта на другите, хранејќи се од погреб на погреб. Ангел, на еден погреб, ќе ја запознае девојката Марија и нивните животи ќе се променат засекогаш…“

– „Колку убав погреб“, ќе воскликне девојката Марија, а спроти неа, ќе го здогледа и запознае момчето кое живее од смртта на другите, што јас го толкувам како авторска мајсторија во преплетувањето на реалноста со имагинацијата и уште една победа на љубовта, наведува писателот Љупчо Силјановски, рецензент на двете книги.

„Животот е краток и најсен“ е сатирична драма, која ни ја претставува земјава во иднината. Како Македонецот би се однесувал во една нормалана, средена и богата држава? Што е она што не враќа назад? Футристичка фарса, за едно труло општество – систем на загубени вредности, општествено уредувње водено од хомофоби и партиски лумпен активисти, систем кој го разоруваат национализам, меѓуетнички конфликти и убедувања.

– „Животот е краток и нејасен„ е мошне инспиративен драмски текст што пред секој негов иден режисер ќе ја постави вечната загатка „Кои сме и каде одиме?“ , наведува рецензентот Силјановски.

Марјан Анѓеловски е автор, кој пишува и настапува низ земјава и низ Балканот со хумор, сатира и театарски претстави, а работи и како сценарист во тв емисии. Автор е на книгите „Македонијо, off мори мајко“, „Го силувавме ежот“, како и коавтор на книгата „Три ем“. Како сценарист има работено во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“. Добитник ена повеќе домашни и меѓународни награди, меѓу кои и наградата „Млади Типар“ за најдобар млад сатиричар на поранешните ју-простори во Пљевља – Црна Гора (2017 година).

Промотори на книгите ќе бидат Снежана Стојчевска и Денис Бојаров, а со свој читачки и театарски перформанс настанот ќе го збогатат актерите Јасмин Рамани, Огнен Велевски, Петра Ивановска, Сара Николовска и Елена Ѓорѓевска.

Настанот ќе биде организиран согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19.

Share

Watch The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods (Dub) Episode 19 (https://funimationfree.com/m/Evp5/ep-19) at website https://funimationfree.com sword art online season 3 english dub funimation

Hiyokoi Episode Full at AnimePlanet anime planet tv

Scroll to Top