Протести со автомобили во Скопје и до Штип на денот на ВМРО

пред 8 месеци

Денеска 23-ти Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против, како што велат „мафијата за правдата и слободите“.

Протестот ќе започне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф. др Христијан Мицкоски, информираат од партијата.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

Share

AnimeFreak animefreak attack on titan: SK8 the Infinity Episode 12

WCOStream dubbed anime: Watch Redo of Healer Episode 2 Uncen

Scroll to Top