Проф. Ѓоргиев: Бугарските барања се апсолутно неприфатливи за нас, дијалогот да продолжи

пред 6 месеци

Несомнено, политичката ситуација по бугарското вето ќе влијае на работата на Заедничката историска комисија, но, сепак, сметам дека таа треба да продолжи да работи. Надминување на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог, преку разговори, рече копретседавачот на македонскиот тим проф. Драги Ѓоргиев во интервју за „Слободна зона“ на бугарската телевизија „Европа“.

Тој најави дека следниот состанок на заедничката комисија треба да се случи на 3 и 4 декември, а ќе се одржи онлајн поради пандемијата.

-По блокадата од страна на Бугарија, овде се интензивираа негативните коментари за тоа. Веќе има притисок врз комисијата да ги прекине преговорите. Јавноста е и разочарана, но и бесна поради овој потег на Бугарија. Несомнено, тој притисок од јавноста се пренесува и врз членовите на комисијата. Се разбира, политички досега од ниту еден фактор не сме имале притисок, но од медиумите и јавноста е навистина голем. Се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на работата на комисијата, додаде Ѓоргиев.

Тој објаснува дека притисокот не е насочен само кон прекинување на работата на комисијата.

– Барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонија и македонската јавност. Покрај тоа, тоа предизвикува радикалите да се обидат да ја зголемат недовербата кон Бугарија, што ќе влијае на членовите на македонската страна на комисијата. Во овој момент, во ваква атмосфера ќе биде многу потешко да се разговара, коментира Ѓоргиев.
Терминот „заедничка историја“, посочува, е нешто со што македонските и бугарските историчари не се согласуваат во толкувањето.

– Според бугарската страна, историјата до 1944 година се однесува само на еден народ – Бугарите. Ова за нас е апсолутно неприфатливо бидејќи процесот на формирањето на современата македонската нација е нешто што е почнато порано и за тоа можеме да најдеме документи и личности кои се залагале за тоа. Не можеме да кажеме дека до 1944 година историјата е само на бугарскиот народ, ние исто така имаме своја историја, свои личности, култура што ни овозможува да ги бараме своите корени назад и ние имаме право на тоа и никој не може да ни ги одземе.Јас исто така не се согласувам со тоа, рече Ѓоргиев.

Според него, историскиот спор треба да продолжи да се дебатира на ниво на историчари, на академско ниво, и може и понатаму да остане нерешен и двете историографии да се расправаат за тоа, но тој не треба да влијае на политичките односи меѓу двете земји и да ги скара двата народа.

– Ние можеме да најдеме заеднички јазик. Нашата приказна е многу испреплетена, имаме многу заедничко и затоа барањето да се прифати само една нарација за одредено минато, само една вистина, не е најдобриот пат ние да се разбереме, рече копретседавачот на македонскиот тим од заедничката комисија за историски прашања.

Ѓоргиев потврди дека личноста на Гоце Делчев ќе продолжи да предизвикува полемики меѓу историчарите од обете страни, но вели дека Делчев покрај влијанието на неговиот светоглед од бугарскиот образовен контекст во кој се развива и идеите на бугарските револуционери, има и силен македонски политички идентитет.

-Тој е роден во Македонија, се бори за Македонија. Има силен македонски политички идентитет и сето тоа не може да го запоставиме. Затоа сметам дека во овој момент треба да бидеме флексибилни и умни, да го оставиме на страна прашањето чиј е Гоце Делчев. Тој е силно вграден во меморијата и на бугарскиот и на македонскиот народ. Според тоа, можеме да го сметаме за херој кој може заеднички да го славиме и тука треба да најдеме решение, а дискусиите ќе продолжат понатаму, вели Ѓоргиев нагласувајќи дека не е работа на комисијата да донесе одлука за неговиот идентитет.

Share

AniWatch anime websites: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 20 (https://aniwatch.pro/m/YXyn/ep-20)

AnimeDao animedao dragon ball z: Watch My Hero Academia Episode 7 (https://animedao.nl/m/nA5/ep-7)

Scroll to Top